Радио Кочани
Кочани

Распишан огласот за организирање Новогодишен базар во Кочани

908

Општина Кочани го објави огласот за организирање Новогодишен базар по пат на јавно наддавање.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена на јавното наддавање е 30 илјади денари, со минимален праг на наддавање од 3 илјади денари. Јавното наддавање ќе се спроведе на 20 ноември 2023 г., во 12 ч., во просториите на Општина Кочани.

Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела во Градскиот парк во Кочани, во периодот од 22 декември 2023 г. до 14 јануари 2024 г. Општина Кочани ќе го подготви и ќе го украси просторот на кој закупецот треба да постави десет монтажни објекти и штандови изработени од дрво и плексиглас, наменети за продажба на храна, пијалаци, сувенири, ракотворби…

Искуството од досега организираните базари и хепенинзи во Градскиот парк во Кочани покажа дека понудените културно-забавни содржини во соодветно оформениот празничен амбиент, се привлечни за граѓаните на Кочани и на регионот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе