Радио Кочани
Кочани

Повик до верниците – Денеска од 16 часот во манастирот „Св. Димитриј“ хуманитарна трпеза

1,953

Почитувани верници, Манастирчето „Св.Димитриј“ во населбата „Трајаново трло“ во Кочани ве повикува на заедничка прослава да го чествуваме денот посветен на Светиот Великомаченик Димтриј. Денеска, вторник (7 ноември) ќе се одржи вечерна Богослужба со почеток 16:00.

После вечерната богослужба следува Хуманитарна трпеза на љубовта од која сите соберени материјални средства ќе бидат насочени за довршување на манстирчето.

За в среда (8 ноември) е закажана утрена Богослужба со почеток во 8:00 часот. Во 10:30 ќе има кревање на Славски колач со водосвет, во 12:00 е осветување на Крстот од страна на нашиот надлежен Архиереј – Митрополит Брегалнички г. Иларион. Во 13 :00 часот  е делење на Манастирска чорба.

Христос Посреде Нас, ве очекуваме.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе