Радио Кочани
Кочани

ЛДП – Секој е важен, овде и сега !

524

Караванот на ЛДП „Секој е важен! Овде и сега!“ ги посети жителите на општина Кочани каде ги слушнавме предлозите и идејни решенија за проблемите со кои се соочуваат.

Покачување на пензиите на пензионерите, изградба на клинички центар, реформи во образовните програми, вклучување на младите во креирање на локалните политики, искористување на геотермалните води и изградба на бања и затворен базен, субвенционирање на земјоделците, реконструкција на училиштата, изградба на спортски терени и игралишта, пошумување на голите ридови, казни за компаниите кој ја загадуваат цела Кочанска котлина и решение за депонијата на Осогово се дел од барањата на Кочанчани.

Сите мислења и предлози се ВАЖНИ за нас како политичка партија. Секој глас мора да биде слушнат и уважен.

Секоја идеја може да доведе до општествена промена.

Сите граѓани може да ја предложат својата иницијатива преку нашата веб-страница: https://ldp.mk/sekoj-e-vazen/

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе