Радио Кочани
Кочани

(видео) Промоции – „Ако се родат чувства“ од Блаже Миневски пред кочанчани

507

Книгата „Ако се родат чувства“ од Блаже Миневски, добитник на „Рациновата награда“ за роман на годината, синоќа беше промовирана во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.  Станува збор за емотивна приказна за љубовта помеѓу апостолот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, и учителката од Охрид, Јанка Каневче.

Омилената песна на Гоце Делчев „Кукни кукавице“, стара стотина години,  синоќа со доста емоции ја испеа професорот Доне Донев, другар од студентските денови на Блаже Миневски.

Романот „Ако се родат чувства“ е плод на дваесетгодишно истражување на авторот и е во издаваштво на „Матица македонска“ – Скопје, а поради големиот интерес од читателската публика деновиве од печат излезе и неговото второ издание.

Промотор на книгата беше проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска.

Блаже Миневски е современ македонски раскажувач, романсиер, драматург, доајен на македонското истражувачко новинарство. Родум од  Гевгелија. Детството го поминал во Кавадарци.Дипломирал на интердисциплинарните судии по новинарство на Правниот факултет во Скопје.

Речиси 4 децении живее и работи во Скопје.Член е на ДПМ од 1992 година.Автор е на девет романи, седум драми и три книги раскази. Минатата година, „Матица македонска“ од Скопје објави избрани дела во пет томови од неговиот бoгат раскажувачки и романсиерски опус. Во првиот том насловен „Да речиме уште една“ се публикувани расказите, а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мемоарите на една млечка“, „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ „Мрежата на Мамли“ и „Фантомско стапало“. Делата на Миневски одамна ги пробија балканските и европските книжевни граници. Негови дела се преведени  на дваесетина  јазици: англиски,француски, руски, шпански,ерменски, бугарски, словенечки, арапски, кинески, српски, полски,италијански јазик….. Со свои раскази е застапен во речиси сите антологии на кратката проза објавени последните триесетина година во Македонија и надвор од неа. Миневски е добитник на високи новинарски признанија, има многу награди и за раскази и пиеси. Тој е добитник и на најважните книжевните награди во Македонија: Стале Попов“, „Роман на годината“: иРациново признание“, кое оваа година го доби по втор пат за романот „ Ако се родат некакви чувства“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе