Радио Кочани
Кочани

Во чест на 11 Октомври – делегации положија цвеќе и оддадоа почит на жртвите од антифашистичката борба

776

По повод Денот на македонското востание,  делегации од Советот на Општина Кочани, Сојузот на Здружението на борците од НОВ и партиски делегации од Кочани положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата, оддавајќи почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.

Честитајќи го 11 Октомври, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов,   истакна дека Денот на востанието претставува продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio