Радио Кочани
Кочани

Обука на општинскиот тим на попишувачи на недвижен имот

611

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска одржа обука за граѓани на Кочани што се пријавиле да учествуваат во ажурирањето на базата на данокот на имот во општина Кочани.

Според  Ирина Поцкова, консултантка на Проектот на УСАИД, целта на обуката е учесниците да се запознаат со Законот за данок на имот, со посебен акцент на последните законски измени.

Обуката овозможува градење капацитети во општината за ефикасно спроведување на теренски активности за идентификација на недвижниот имот и ажурирање на базата на податоци на недвижен имот преку дефинирање чекори за спроведување теренски активности за попис на недвижниот имот и за ажурирање на даночната база и претставува основна практична обука на општинските тимови на попишувачи на недвижен имот.

Наредниов период Општина Кочани ќе спроведе активности за теренско ажурирање на недвижен имот со цел еднакво и правично оданочување на сите жители на својата територија. За таа цел општински тимови ќе ги посетат домовите на граѓаните и ќе ги ажурираат податоците за недвижен имот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio