Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците во Кочани
v
Како дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, Цивил – Центар за слобода, во соработка со Општина Кочани организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: предизвици и решенија“.
Во присуство на претставнички и претставници на здруженија, локални институции, на бизнис–секторот, политички партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани, се дебатираше за актуелните предизвици и состојби во Кочани, а свое излагање на темата имаше градоначалникот Љупчо Папазов.
Проектот „Заедно за подобра иднина“ е посветен на промоцијата на мултикултурализмот и вклучува низа активности за поттикнување на позитивни промени во општеството и мотивирање на заедниците да работат заедно за подобра иднина.