Денеска во склоп на 32. издание на „Денови на кочанскиот ориз“ со почеток во 13 часот во Домот на културата „Бели Мугри“ ќе биде отворена архитектонска изложбата во чест на Александар Гицов, а веднаш потоа на Браната Градче ќе се промовираат природните убавини и туристички вредности на Општина Кочани.
Во 17 часот ќе се случува големо празнично дефиле на кое ќе се претстават јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани, со дефилирање од Градскиот плоштад по улицата „Маршал Тито“ до Градскиот парк.
Во 18 часот во Градскиот парк ќе се одржи фолклорен концерт со настап на домашни и странски фолклорни групи, а со почеток во 20 часот вечерна забава со Dj Ogipsilon.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе