Радио Кочани
Кочани

ЦК „Бели мугри” упатува јавна благодарност до сите донатори на ликовни и книжевни дела за хуманитарно- продажната изложба

188

НУ ЦК ,,Бели мугри” Кочани упатува јавна благодарност до сите донатори на ликовни и книжевни дела кои по нашиот повик за хуманитарно- продажната изложба донираа свои дела. Најголем дел од донираните дела изминатите неколку дена добија нови сопственици.
Благодарност до Здружението на граѓани Support Ko – Кочани и младите волонтери за нивната логистика во изминатите денови.
Благодарност и до сите учесници на аукцијата и до сите хумани и солидарни граѓани кои купија материјално добро од културните творци.
Благодарност до медиумите кои го следеа и објавуваа текот на нашата хуманитарна иницијатива.

Центарот за култура под мотото: НЕ СТЕ САМИ и во наредниот период ќе ги обединува културните дејци и работници за подршка на настраданите во трагедијата која се случи во Кочани на 16 март годинава.
Започнатата хуманитарно – продажната изложба ќе трае до 07.05.2025 година, со сите непродадени  донирани ликовни и книжевни дела. По завршувањето на изложбата јавно ќе биде објавен Извештајот за собраните финансиски средства, кои преку наменската сметка на ЗГ ,,Supoprt Ko” ќе бидат трансферирани на настраданите, повредените и нивните семејства.

НЕ СТЕ САМИ

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio