Радио Кочани
Кочани

Уредување на кејот на реката Масалница во централниот дел на Оризари

410

Деновиве се работи на расчистување и уредување на дел од коритото на реката Масалница, во Оризари. Јужно од мостот на Масалница, во централниот дел на Оризари  со механизација се чисти коритото од обраснатата вегетација.

Активностите што ги реализира Општина Кочани се совпаѓаат со тековните работи за  продолжување на кејската улица од десната страна по течението на Масалница.

Придонес кон што поцелосно средување на кејот на Масалница даваат и екипите на Градско зеленило од КЈП „Водовод“, кои претходната седмица спроведоа активности за косење на зелени површини во речното корито.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе