Радио Кочани
Кочани

По добиена судска наредба од Основниот суд Кочани 22 пакувања динамит пронајдени кај Беровец…

4,531

Два килограми експлозив и фитил се пронајдени во домот на беровец, соопшти полицијата.

Како што соопшти полицијата, денеска (05.09.2023) во 06 часот во селото Митрашинци, Беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен бил претрес во домот на Б.Б. (63) во селото. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил.

Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio