Радио Кочани
Кочани

Се реализира проектот за реконструкција на локалниот пат кој ги поврзува селата Таринци и Долни Балван.

1,595

Локалниот пат од с.Долни Балван до с.Таринци во должина од 1.6 км  интензивно се проширува и добива велосипедско -пешачка патека.

Жителите од овој дел на општина Карбинци и останатите конечно ќе можат непречено да се движат и рекреираат на оваа делница, без евентуална опасност од моторните возила и камиони.

Според надлежните во општината ова е еден од најголемите капитални проекти во делот на патната инфраструктура, кој ќе допринесе за посилно и поедноставно поврзување на општината со останатите,  гледано од економски аспект, а ќе има значајна улога и во развојот на туризмот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе