Радио Кочани
Кочани

Поради дефект на водоводна мрежа на раскрсницата кај мостот “Капетан Синиша Стоилов” во Зрновци регионалниот патен правец кон општина Виница ќе биде времено затворен за сообраќај и истиот ќе се одвива по улица Димитар Влахов и локалната обиколница кон Општина Виница.

923
Поради итни и неодложливи активности на КЈП Водна кула Зрновци за отклонување на дефект на секундарната водоводна мрежа на раскрсница кај мост “Капетан Синиша Стоилов” од регионален карактер, регионалниот патен правец кон општина Виница ќе биде времено затворен за сообраќај и истиот ќе се одвива по улица Димитар Влахов и локална обиколница кон општина Виница.
Дотрајаната секундарна водоводна мрежа изградена 1975 година, предизвикува постојани дефекти, кои во зависност од околностите навремено се отклонуваат од страна на КЈП „Водна Кула“ за да има постојано водоснабдување на домаќинствата.
-На почетокот на мандатот Декември месец 2021 година навремено до Министерството за животна средина доставивме ревидиран проект ” Промена на секундарна водоводна мрежа во село Зрновци ” како дел од Програмата за подобрување на водоводна инфраструктура со вкупна финансиска конструкција од 439,445,00 евра од кои веќе се обезбедени 396,124,00 од Министерството за животна средина.
Во своето 26 годишно постоење на општина Зрновци, ова ќе биде прв комплексен проект кој трајно ќе ги реши проблемите со дотрајаната водоводна мрежа, а истиот започнува со реализација Април месец 2024 година.
Колку и да сака човек не може за година и пол да ги реши 2-3 децениски проблеми преку ноќ.
Потполно ги разбирам реакциите и негодувањата од страна на граѓаните при прекин на водоснабдувањата при случени дефекти, но истите не зависат од човечки фактор, едноставно од дотрајаноста на секундарната водоводна мрежа кои што секогаш навремено се санираат рече за Радио Кочани градоначалникот Борчо Коцев

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе