Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Корисниците на Телеком останаа без мрежа, градежни работи оштетиле кабли на различни локации…
Граѓаните кои ги користат услугите на Телеком утрово се пожалија дека имаат прекин на телефонската мрежа и прекин на интернетот.
Од Телеком информираа дека се соочиле со технички пречки поради оштетени кабли на различни локации.
Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни. Нашите тимови интензивно работат на терен. Се извинуваме за непријатностите – пишуваат од Телеком.