Радио Кочани
Кочани

Тело на 29 – годишно момче пронајдено во канал на хидросистемот „Брегалница“

7,569

Тело на 29 годишно момче е пронајдено попладнево во десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, кој се наоѓа помеѓу селата Истибања и Оризари.

 

По пријавата, вработените во водостопанство „Брегалница“ – Кочани го запрeле дотокот на вода од браната Калиманци, и започнале со празнење на каналот за да може телото на удавениот да се извлече.

 

На местото каде што се случил настанот сеуште има присутни стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани и се врши увид

Според неофицијални информации се работи за 29 годишник од с. Истибања.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio