Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Виница потпиша Меморандум за соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.
„Како резултат на ова ќе го реконструираме старото тениско игралиште во нов современ кошаркарски терен и ќе изградиме теретана на отворено“, најавува градоначалникот Миле Петков.
„Благодарение на извонредната иницијатива, водена од здружените сили на младите и општината, ќе создадеме простор за спорт и фитнес активности, кои ќе служат како центар за социјална интеракција, пријателски натпревари и негување на тимската работа и спортскиот дух“, нагласува градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков.
Оваа активност е во рамките на проектот Направи разлика, финансиски поддржана од УСАИД.