Согласно Програмата за јавно здравје на населението во општина Виница, за тековната 2023 година, на 29.07 2023 година (Сабота) во раните утрински часови, на територијата на општина Виница ќе се изврши авионско третирање за заштита од комарци, на површина од 750 хектари .
Во втората фаза со дезинсекција ќе биде опфатена површина во Градот Виница и населените места во општина Виница. Третирањето ќе се изврши од воздух со воздухоплов за уништување на инсекти (комарци) и со специјален препарат одобрен од Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) : Aqua-K-Othrine R Insecticide Space-Spray Concentrate .
За таа цел, СЕ ИЗВЕСТУВААТ пчеларите во општина Виница да преземат соодветни мерки за заштита на своите пчелни семејства .
Доколку временските услови не дозволат третирање на нaведената дата, истото ќе се спроведе наредниот ден (во зависност од временските услови) .
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе