Радио Кочани
Кочани

Дефектот во водоснабдувањето за граѓаните од средната и високата зона е решен. Пумпите полека се полнат, па се очекува за 3 до 4 часа да добијат редовно водоснабдување.

1,079

Ги известуваме водокорисниците на територија на Општина Кочани дека водоснабдувањето до крајните потрошувачи е во прекин.

Поради невремето кое ја зафати Општина Кочани е настанат дефект во снабдувањето со електрична енергија на пумпите за вода. Исто така поради безбедносни причини, до целосно отклонување на дефектот од страна на надлежните екипи, пумпите ќе бидат исклучени од електро мрежата.
Се надеваме дека надлежните брзо ќе го санираат проблемот со електро напојувањето, по што пумпите ќе бидат ставени во функција, а очекуваме крајните корисници да ги добијат услугите во текот на вечерта.
Последните информации до кои дојде Радио Кочани говорат дека проблемот со дефектот во снабдувањето со електрична енергија е решен. Пумпите полека се полнат, па се очекува за 3 до 4 часа и граѓаните од средната и високата зона да добијат редовно водоснабдување.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio