Радио Кочани
Кочани

Кочанчанецот Манасиев најбрз во првата трка на Пониква 2023

3,696

На регионалниот патен правец од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква поточно од местото викано „Ѓубриште“ до целта на местото викано „Пашаџамина шума“, денеска се возеше  ридско-брзинската трка, во рамките на Државниот шампионат во автомобилизам што се бодува за ФИА.

На патеката долга 5,3 километри, учествуваа  23  возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, ,Косово и Полска. Од нив двајца возачи, еден од Македонија и еден од Косово не ја завршија трката.

Организатор на трката вообичаено беше Авто-клубот Перформанс тим, а формалностите пред и после трката се одржаа во кругот на Здружението на возачите на Кочани.

Денеска како што беше најавено поради големите горештини патеката беше затвпрена уште во 7 часот и 30 минути,а точно во 09 часот започна првата трка. Со рекорден личен резултат на патеката од 3 минути и 38 секунди нашиот Дејан Манасиев – Дене се искачи на пиедесталот за цели 2 секунди подобар од второпласираниот Александар Ангеловски. Трет беше Даниел Блажевски.

Д.Михајлов

Видео прилогот можете да го погледнете на следниов линк:

https://www.facebook.com/radiokochani/videos/308861934957177

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе