Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Соопштение од АМСМ
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење кадешто има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштува дека утрово интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. Се чека околу 40 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Затворени за сообраќај поради асфалтирање, денеска ќе бидат делницата Велес – Градско во периодот од 08:00 – 18:00 часот, и Демир Капија – Давидово во период од 10:00 – 16:00 часот.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.