Радио Кочани
Кочани

Kочанчанец почина во фабрика во Скопје…

4,766

Работник на штипска фирма почина во кругот на фабрика во Гази Баба.

Станува збор за 57-годишен маж од Кочани кој се повредил извршувајќи работни задачи, по што починал.

„На 12.07.2023 во 13:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 13:35 часот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба, В.К.(57) од Кочани, додека извршувал работни задачи за фирма од Штип, се повредил и починал“, велат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје, јавен обвинител и трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio