Радио Кочани
Кочани

Злоупотребувајќи туѓи податоци, кочанчанец подигнал брз кредит во вредност од 75.000 денари…

3,746

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против В.А. (23) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела „измама“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

На 26.05.2023 пријавениот, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, го довел во заблуда Д.Ј. од с.Блатец, виничко, и од него прибавил фотографии и лични документи, по што на 05.06.2023, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, од различни финансиски друштва подигнал брзи кредити во вредност од 75.000 денари и ги ставил на банкарска сметка на име на Д.Ј., а потоа направил трансакција во правно лице, објави МВР

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе