Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Согласно Програмата за јавно здравје на населението во општина Виница, за 2023 година, на 20.06 2023 година (Вторник) во раните утрински часови, на територијата на општина Виница ќе се изврши терестичко третирање за заштита од комарци .
Во првата фаза со дезинсекција ќе биде опфатена површина во Градот Виница и населените места во општина Виница. Третирањето ќе се изврши од земја со специјален препарат одобрен од Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) : Aqua-K-Othrine R Insecticide Space-Spray Concentrate .
За таа цел, СЕ ИЗВЕСТУВААТ пчеларите во општина Виница да преземат соодветни мерки за заштита на своите пчелни семејства .
Доколку временските услови не дозволат третирање на нaведената дата, истото ќе се спроведе наредниот ден (во зависност од временските услови) .