Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Изградба на фекална канализациска мрежа во Оризари
Започнува реализацијата на проектот за изградба на делови од фекалната канализациска мрежа во населеното место Оризари.
Со проектот е планирано да се градат седум краци од канализацискиот систем, со вкупна должина од 595 м, на различни локации во Оризари.
Вредноста на инвестицијата е 7.788.000 денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите се од Буџетот на Општина Кочани.
Активностите на терен ќе се одвиваат во текот на летниот период.