Радио Кочани
Кочани

АМФЕНОЛ МАКЕДОНИЈА – Кочани ја пушти во употреба 7мата работна единица. Бројот на вработени се зголемува, Се очекуваат 3000 во јубилејната 10та година на Амфенол во Кочани

8,646

Денеска Амфенол Технолоџи Македонија во свечен амбиент, во присуство на дел од вработените и гости – менаџери од Америка и Израел, официјално ја пуштија во употреба 7мата работна единица Амфенол Тел – АД . Пред присутните се обратија менаџерот на Амфенол групацијата Марк Вајцик од Америка и генералниот раководител на Тел -АД од Израел Ави Валдман тие воедно ја пресекоа свечената лента и со тоа и официјално го ставија новиот капацитет во функција.

Повеќе поединости побаравме од генералниот директор на Амфенол Технолоџи Македонија Сашко Наков.

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе