Радио Кочани
Кочани

Пешачење до врвот Панаѓур на Осоговските Планини

1,236

Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква.

Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите учесници, на врвот Панаѓур (1669 м н. в.) се одржа кратко претставување на дел од опремата и начините за ориентација во планина.

Активноста којашто се реализира трета година по ред, согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 г., има за цел да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio