Радио Кочани
Кочани

Над 3 милиони денари заработило лице од беровско, две лица од ЈП Национални шуми добија кривична пријава

5,530

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и В.Џ.(39) од с.Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“.

Во периодот од јули 2021 година до октомври 2022 година, прво и второпријавениот, вработени во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ – Берово, му овозможиле на третопријавениот да изврши сеча, дотур и превоз на дрвна маса од парцели во приватна сопственост, со што се стекнал со вкупна материјална корист од 3.306 446 денари, соопшти МВР.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio