Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во тек е интензивно расчистување на речното корито на Виничка река. Со механизација се врши ископ на земја од 3-та и 4-та категорија, се отстранува огромна количина на нарасната вегетација, тиња и шут.
„На овој начин долгорочно ќе биде решен еден од големите проблеми со изливање на речното корито од надојдување на огромно количество на вода“, смета виничкиот градоначалник, Миле Петков.
Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.