Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Штип-Кочани во која загина едно лице
Министерството за внатрешни работи излезе со детали за тешката сообраќајка со смртни последици која вчера се случи на патот Штип-Кочани.
Според полицијата, вчера во 12.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот З.Ѓ. од Велес и товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Г.Л. од село Будинарци, беровско.