Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Според информациите што ги добивме одтренерот на КК „Партизан“, Оливер Коцев, тројца членови на клубот од Кочани и тоа Јован Арсов, Владимир Трајков и Леон Стефанов патуват заедно со репрезентацијата на Балканско првенство за деца на возраст од 10 до 13 години што ке се одржи во Бар – Црна Гора од 26 до 28 овој месец.
Викендов каратистите на тренерите Коцев и Петров настапија на Меѓународниот турнир „Солидарност ОПЕН 2023“ што се одржа во Скопје. Еве ги податоците што ги добивме од клубот:
– Карате Клубот Партизан од Кочани настапи со 10 натпреварувачи од кои 5 освоија медали и тоа 1 сребрена и 4 бронзени сите во категоријата Кумите.
- Владимир Трајков – второ место помлади Кадети ( +57кг)
2.Лина Спасова – Трето место категорија деца ( -40 кг)
3.Стефан Гоцев – трето место категорија деца ( -48 кг)
4.Јован Арсов – Трето место во категоријата помлади Кадети ( +57 кг)
5.Мартин Арсов – Трето место во категоријата деца ( -42 кг)