Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 17.05.2023 година , среда, во 11 часот, претпладне во салата на Совет на општина Виница, Министерството за труд и социјална политика наводно ги поканува граѓаните на јавна дебата во врска со подготовките на новиот закон за родова еднаквост.
Звучи демократски, но не и откако ќе се дознае дека истото не е објавено на страната на МТСП, не се известени медиуми.
На истата единствено се писмено поканети претставници од општинската администрација од Виница и општините од источно- планскиот регион.
Кој ќе дебатира во име на јавноста зад затворени врати во избран круг селектирани административни работници?
Зошто јавноста не е навистина информирана, ако дебатата е номинално јавна?
Од група граѓани