Радио Кочани
Кочани

Претставници на УСАИД во посета на СОУ „Гошо Викентиев“

593

Денеска СОУ „Гошо Викентиев“ го посетија Џери Дибл – претставник на УСАИД за Македонија, Кристина Дерибан, Билјана Величковска – одговорна за комуникации на УСАИД во Македонија, Алонзо Фулгхрам – партнер во Паладиум (компанијата која ги спорведува проектите во име на УСАИД – и БЕП и сегашниот P4EG) и Дејан Јаневски – директор на P4EG.


Директорот Спирко Златков им го презентираше досегашниот завршен проект кој е имплементиран во соработка со компанијата Амфенол со поддршка на УСАИД.


На денешната средба се разговараше за можностите за понатамошна соработка со цел модернизација на опремата и кабинетите по практична настава.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе