Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Здружение на пензионери – Кочани организира Спортски игри.
Заинтересираните пензионери, пензионерки кои сакаат да учествуваат во спортовите: табла, шах, пикадо, домино, фудбал, кошарка, скок од место, трчање, теглење на јаже и стрелање (гаѓање), да се пријават во пензионерските клубови во Кочани, Оризари, Зрновци, Чешиново – Облешево. Пријавувањето е најдоцна до 15.05.2023 година.
За селекцијата по општини ќе бидете дополнително известени.
ЗП -Кочани