Радио Кочани
Кочани

Во Детската градинка „Павлина Велјанова“ се одржаа работни средби за градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи

717

Во ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани деновиве се реализираа  мониторинг-средби на тема ,,Градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи“.

Мониторинг-средбите имаа за цел да го поттикнат и да го мотивираат кадарот за спроведување стратегии и знаења за организирање стимулативна средина за учење, на начин што ќе овозможи позитивни социоемоционални резултати кај децата и кај нивните семејства.

На средбите учествуваа директори, воспитувачи, негуватели, членови на професионалната заедница за учење во детските градинки од општините Чешиново-Облешево, Пехчево, Зрновци и Карбинци.

Дисеминацијата ја водеа: мониторинг мастер-воспитувач Јованка ЕфтимоваСоња Стоилова, Лилјана Паунова, Даниела Наунова и Снежана Алексова.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе