Радио Кочани
Кочани

Потпишан договорот за реализација на проектот за бетонирање крак од улицата „Стамен Манов“

279

Општина Кочани и здружението „Ромалитико“, заеднички ќе го реализираат проектот за бетонирање крак на улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, за што денеска, двете страни го потпишаа договорот.

Уличниот крак е на потегот кон Колерски Гробишта, со должина од 120 м и со различна ширина од 1,5 до 3 м.

Со финансиска поддршка од УСАИД, „Ромалитико“ ќе учествува во проектот со 40 %, со набавка на градежни материјали. Рокот за градба е два месеца по завршувањето на тендерската постапка.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе