Радио Кочани
Кочани

Виница – Општината ќе се дигитализира

140

Општина Виница потпиша Договор за меѓуопштинска соработка за изработка на платформа за дигитализација на свои услуги, информира Миле Петков, градоначалник на таа општина. Дигитализацијата е процес кој го поедноставува животот и им дава можност на луѓето да го менуваат општеството и секојдневните животни навики, нагласи Петков.
Со потпишување на Договорот за меѓуопштинска соработка, се заокружува процесот на изработка на платформата за дигитализација на општинските услуги во Источниот плански регион. Благодарение на UNDP MK и Бирото за регионален развој, физичките и правните лица од Источниот регион ќе можат електронски да поднесуваат барања за околу дваесетина општински услуги. Носител на проектот е Општина Штип, а партнери се останатите 10 општини од регионот и Центарот за развој на Источен плански регион.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio