Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Папазов организираше прием за тимови и ученици кои постигнаа високи резултати на натпревари

207

Со цел да им честита за постигнатите резултати и да ги охрабри во натамошните настапи,  градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска прими и разговараше со  тимови, ученици и со нивните ментори кои остварија високи резултати на државни и се пласираа на меѓународни натпревари.

Градоначалникот се сретна со тимот роботичари „The Makbot Pioneers“ од СОУ „Гошо Викентиев“, кој на Државниот натпревар по роботика беше севкупен победник во сите категории и ќе настапува на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во мај во Мароко.

Средба оствари и со младите оратори од СОУ „Љупчо Сантов“, во кои е и Ивона Тодорова, победничка во категоријата најдобар оратор – избор на публиката на XI Ораторска вечер на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Градоначалникот го прими и најмладиот програмер, ученикот од ОУ „Свети Кирил и Методиј“, седмоодделенецот Владимир Грчев, кој веќе четири години е учесник на натпреварите по информатика и покажува извонредни резултати. Годинава, на Државниот  натпревар по информатика (програмирање) Владимир Грчев ја освои првата награда, со 172 поени повеќе од второпласираниот натпреварувач. Следниот чекор за Грчев е Македонската јуниорска олимпијада, на која Владимир е првопоканет, односно е натпреварувач со најмногу освоени поени.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе