Радио Кочани
Кочани

Дефиле „Здравје за сите“ во Кочани по повод 7ми Април, Светскиот ден на здравјето

417
Црвен крст  – Општинска организација Кочани во рамки на ЦКА –ПХВ циклусот 2023 год. под мотото „Здравје за сите“ денеска реализираше дефиле низ кочанските улици.
Претставници од основни и средни училишта и волонтерите на Црвен крст пешки со транспаренти со пораки за здравје дефилираа од Градскиот парк до Градскиот плоштад и назад.
Во Градскиот парк  Д-р. Јованка Алексова преку кратко едукативно предавање ја истакна важноста на физичката активност во зачувување на сопственото здравје.
Целта на дефилето беше заеднички да се истакне важноста за грижата за здравјето преку пешачење и физичка активност како важен фактор за зачувување на здравјето.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio