Радио Кочани
Кочани

Во Кочани презентирана кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“

864

Денеска Одделението за превенција при СВР Штип во соработка со ОВР Кочани почна со реализација на активности во рамки на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат “МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“, со цел дополнително зголемување на довербата во полицијата, како и доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Кочани со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, ја потенцираа важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

 

 

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio