Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Виница потпиша договор за реконструкција на Домот на културата „Тошо Арсов“.Активноста е дел од проектот „Енергетски ефикасен, пристапен и достапен објект за сите – Општина Виница“, чиј носител е Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиските средства се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година.
Вредноста на целиот проект е 12,6 милиони денари, од кои најголем дел се добиени од Министерството за локална самоуправа, односно од Бирото за регионален развој. Десет отсто е кофинансирање од буџетот на Општина Виница.
Според планот, ќе се преуреди големата (сината) сала, со замена на седиштата, ќе се прошири и адаптира сцената, ќе биде заменет и подот. Предвидено е да се затворат големите стаклени површини на ѕидовите и да се реновираат тоалетите, гардеробите, канцелариските и другите помошни простории. Дополнително, ќе се реконструира кровната површина над фоајето прд влезот во салата.
Според условите во договорот, изведувачот СВЕАН ИНВЕСТ – Скопје, се обврзува градежните работи да ги комплетира до крајот на септември оваа година.