Радио Кочани
Кочани

Ивона Тодорова најдобар оратор на 11. Ораторска вечер на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.

1,551

Ивона Тодорова од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани е прогласена за најдобар оратор за говорот со наслов „Солзите на мајките“ на 11. Ораторска вечер што се одржа на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.

Настанот традиционално се организира веќе единаесет години од страна на Правниот факултет и Клубот на оратори „Ростра ветера“. Право на учество имаат сите студенти на УГД.

Оваа година новина беше што за првпат во натпреварувачкиот дел беа вклучени и средношколци кои успешно поминале циклус обука за Јавно говорење, беседништво и дебата.

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе