КочаниРегион Исчистена околината на Спомен-домот “Асном” Последно ажурирано 28 Mar, 2023 год. во 16:29 часот. 667 Сподели Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber!Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”. Во текот на акцијата беа собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен шут и слично. Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за редовно чистење и отстранување на диви депонии на територијата на Општина Кочани според утврдената динамика и план за работа. Бидејќи во последно време во рамките на своите активности, КЈП “Водовод” Кочани секојдевно се соочува со мини депонии од градежен шут, габаритен отпад и расфрлан комунален отпад покрај контејнерите, упатуваме апел до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина. 667 Сподели FacebookTwitterViberWhatsAppPinterestИ-мејл