Радио Кочани
Кочани

Исчистен паркинг просторот на Пониква

1,123

Со соодветна механизација и работна сила, КЈП Водовод Кочани денеска го исчисти просторот на паркингот на територија на туристичкиот центар Пониква и околината при што беа собрани и исфрлени повеќе од 20 метри кубни отпад.  На оваа локација во последно време се забележуваше несоодветно одлагање на отпад надвор од предвидениот простор за таа намена.

Тука често се одлагаше и опасен отпад, со што дополнително се придонесуваше кон загадување на животната средина.

Дополнително, во текот на денешниот ден, комуналните служби на КЈП Водовод Кочани целосно ја исчистија и областа околу месноста викана Аеродром пред туристичкиот центар Пониква.

Во претстојниот период, ќе се чистат и други депонии на територија на Општина Кочани и населените места.

Претходно, комуналното претпријатие во соработка со Општина Кочани учествуваше во чистење и хортикултурно уредување на повеќе локации во Кочани.

КЈП Водовод Кочани заедно со локалната самоуправа ги повикува сите граѓани да се грижат за животната средина и заедно да придонесеме за чисто и зелено Кочани.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе