Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Претстои ли се поголемо внимание и грижа кон сопствените вработени, во услови и време кога е се потешко да се дојде до вистинските….
Дека во Кочани има и други фирми и компании кои се грижат за своите вработени, сведочи писмото и фотографиите што до нашата редакција ги испратија дел од работничките од МК „Голден Текс“.
Во писмото се вели, а од фотографиите јасно е видливо дека најголемиот празник на жената го прославиле во
прекрасниот Солун, каде на морска клима и несекојдневен амбиент поминале незаборавни мигови.
Благодарни се на менаџментот на компанијата што им овозможи со пригодни подароци во релакирана атмосфера, сите заедно, целиот колектив да ги наполнат батериите и да се впуштат во новите работни предизвици.
Ова е уште еден драстичен пример и показател како и на кој начин треба да се однесува и постапува со вработените- кои се алфа и омега во секоја работна средина, а во последно време поради наглото исселување ги има се помалку.
Се надеваме дека има и други вакви примери на задоволни работници,а скоро сигурни сме дека во иднина ќе ги има уште повеќе.