Радио Кочани
Кочани

Учесници во проектот „Вклучи ги сите“ на средба со претставници на Општина Кочани

609

Учесници во проектот „Вклучи ги сите“, што се реализира со Центарот за развој на заедницата „Светла иднина“ од Кочани, како партнерска организација, во соработка со СОУ „Љупчо Сантов“, остварија средба со претставници на Општина Кочани, со кои дискутира за активности за вмрежување на сите јавни институции во унапредувањето на инклузијата во образовните системи.

Главна цел на овој проект од програмата „Еразмус плус“ е инклузија и различност во сите полиња на образованието, обуката, младите и спортот, поддршка на учениците без разлика на потеклото, културните разлики, економските и социјалните бариери и почитување на заедничките вредности на земјите од Европската Унија. Носител на проектот е основно училиште од Бржозов, Полска, во соработка со основни и средни училишта од Баликесир, Турција и Георгени, Романија.

Во периодот од 5 до 9 март во Кочани се одржа првата мобилност од проектот со претставници од сите партнерски организации. На мобилноста беа реализирани работилници за наставници за концептот на инклузија, емпатија, управување со стрес, самодоверба, размена на добри практики меѓу партнерските организации…

Проектот „Вклучи ги сите“ се спроведува од октомври 2022 година до април 2024 година. Следната активност ќе биде мобилност во Република Романија, планирана за мај оваа година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе