Радио Кочани
Кочани

ОК ВМРО-ДПМНЕ – Повеќе од една година Државниот испитен центар манипулира со термините и со испитите за полагање на менаџерски испит!

504

После чекање повеќе од една година, токму кога помисливме дека сме стигнале до самиот крај – наместо да добиеме лиценци, новиот директор на Државниот испитен центар арогатно порачувајки: “пред силата правдина нема” – ни ги поништи положените испити и со тоа не стави пред свршен чин, не’ изложи на дополнително понижување, но и на нови тршоци. За жал централната власт, прекршувајќи го уставот и законите ни го ускратува уставното и законско право да полагаме за лиценца за менаџери. Се сомневаме дека однесувањето на директорот на ДИЦ е координирано на највисоко ниво на државната власт. Државната власт преку својот извршител во ДИЦ не дозволува да се полагат испити и практично не дозволуваат никој, освен поранешните кадри на СДСМ, да се стекнат со квалификациии! Ова е уште еден доказ за коруптивно однесување на власта! Ја повикуваме Владата и го повикуваме Министерството за образование, веднаш да превземат мерки против директорот на ДИЦ, а ДКСК, и ЈО да ги испитаат мотивите, и да утврдат “злоупотреба на службена положба” на директорот со чии постапки ни се нанесува штета и дополнително се корумпира образованието во Македонија!

Комисија за образование при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

 

 

 

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе