Радио Кочани
Кочани

Шумски пожар на Осогово – изгореа 20 хектари смрека и нискостеблести растенија…

1,434

Територијалната противпожарна единица заедно со доброволното противпожарно друштво од Кочани го локализираа шумскиот пожар кој попладнево избувна во  Осоговските Планини, на десетина километри од градот.

Во огнената стихија изгорени се околу 20 хектари со стебла од смрека и нискостеблести растенија, а  брзата и ефикасна интервенција на ТППЕ Кочани  спречено е проширување на пожарот.

Според првичните проценки  причина за избувнување на пожарот е човечки фактор, а дополнително ќе треба да се утврди дали огнот намерно е подметнат или се проширил поради невнимание…

Видео ДПД Кочани

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе