Радио Кочани
Кочани

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Доброволната планинска спасителска служба “Осогово” од Кочани и Планинската спасителска служба од Ќустендил, Бугарија.

998

Потпишан e Меморандум за соработка помеѓу Доброволната планинска спасителска служба “Осогово” од Кочани и Планинската спасителска служба од Ќустендил, Бугарија. Двете служби ќе работат на размена на искуства и знаења. За почеток Планинската спасителска служба од Ќустендил на колегите од Кочани им донираше дел од потребната опрема.
Настанот се одржа денеска на Пониква, во Инфо центарот на Општина Кочани.
Меморандумот за соработка го потпишаа претседателите на доброволните планински спасителски служби од Кочани и Ќустендил – Гоце Исајов и Антони Бошков.

Домаќинот, кочанското Доброволно планинско спасувачко друштво “Осогово” беше одличен организатор на овој настан, кој е во насока на развојот на туризмот на Пониква.

 

 

 

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе