Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Англичани измамиле фирма од Пробиштип и „заработиле“ 425.653 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“
Првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци.
Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач.
На тој начин тие причиниле вкупна материјална штета од 425.653 евра на правното лице од Пробиштип.