Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во завршни фази е изградбата на новиот кружен тек и поставување на потребната сообраќајна сигнализација на улицата „Димитар Влахов“ кај Стришанска чешма.
Во склоп на градежните активности за изградба на новиот кружен тек извршен е ископ и тампонирање, гребење на асфалтот, асфалтирање и поставување на улични рабници. Уредена е и пешачката површина со бекатон плочки. Во текот на денешниот ден се поставуваат сообраќајни знаци.
Со изградбата на новиот кружен тек се решава сообраќајниот метеж на раскрсницата.
Изведувач на работите е фирмата „Ленди Груп“
Претходна објава
Излета мотор јамаха во Кочани, млад маж заврши со тешки повреди
Може ќе ви се допадне